Погледот на море го намалува стресот

27.05.2016 11:21

Научниците од Универзитетот во Мичиген Стејт, користеле податоци собрани од жители на новозеландскиот град Велингтон.

Истражувањето на американските научници сугерира дека погледот на море е поврзан со редуцирање на нивото на стресот.

Научниците од Универзитетот во Мичиген Стејт, користеле податоци собрани од жители на новозеландскиот град Велингтон.

На врската меѓу погледот на море и редуцирањето на стресот не влијаеле фактори како полот, возраста и имотниот статус на испитаниците.

Стручното списание Health & Place додава дека погледот на градските паркови немал ваков ефект.