Мајкрософт и Фејсбук ќе постават подводен кабел во Атлантскиот Океан за пренос на податоци

27.05.2016 11:33

Кабелот со должина од 6.600 километри ќе се протега од северниот дел на Вирџинија до Билбао, Шпанија.

Мајкрософт и Фејсбук најавија заеднички проект за поставување подводен кабел во Атлантскиот Океан за рекордно голем капацитет за пренос на податоци.

Кабелот со должина од 6.600 километри ќе се протега од северниот дел на Вирџинија до Билбао, Шпанија.

Негов оператор ќе биде сестринската фирма на шпанскиот телеком „Телефоника“, која ќе ги продава неискористените ресурси на други клиенти.

Кабелот „Маре“ (бран на шпански) којшто содржи осум двојни фибер кабли има максимална брзина за пренос од 160 терабајти во секунда.