ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧИ ОДНОСНО НА НОВИ КОМПОЗИЦИИ

27.05.2016 15:08

Врз основа на член 66 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈРП Македонска Радиотелевизија број 01-765/1 од 30.01.2015 година и член 20 став 1од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013), а во врска со првиот квартален конкурс од 2016 година, објавен на 30.12.2015 година, Директорот на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје,  ја донесе следната:

 

 

ОДЛУКА

за избор на изведувачи односно на нови композиции

 

Член 1

Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија Скопје врз основа на доставениот Извештај бр.20-1998/9 од 18.05.2016 година од Комисијата која одлучуваше по конкурс за поддршка на домашната музичка продукција во првиот квартал од 2016 година, во состав: Благоја Здравковски-претседател, Методија Автовски, Никола Фириев, Весна Малјановска, Цане Петров, Лилјана Автовска и Панче Илиев-членови.

 

ДОНЕСЕ Одлука за избор на изведувачи, односно на нови композиции од првиот квартален конкурс од 2016 година, објавен на 30.12.2015, со која избрани се следните изведувачи, односно автори и прифатени се следните композиции:

 

 

Категорија,,ТАЛЕНТИ”

Народна музика

1.  ХРИСТИЈАН ДИМИТРИЕВСКИ, како изведувач на композицијата „МАГЛА„ автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

Забавна музика

2. ТАЊА БОЈКОВСКА, како изведувач на композицијата „ЉУБОВ МОЈА СИ„ автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

Категорија АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ:

 

Забавна музика

 

1.  САРА КОСТАДИНОВСКА како изведувач на композицијата „НЕМАМ  ПАРИ“,автор на музика и текст Сара Костадиновска, автор на аранжман Лазар Цветковски, продуцент на аудио запис ГОРИЛА ГРУП ДООЕЛ Скопје– подружница горила продукција, продуцент на видео запис ГОРИЛА ГРУП ДООЕЛ Скопје – подружница горила филм

 

2.    НИНА ЈАНЕВА како изведувач на композицијата „ОВА Е КРАЈ“, автор на музика, текст и аранжман Александар Масевски, продуцент на аудио запис РОКЕНРОЛ ТП Ѓорѓи Андреја Мишковски, продуцент на видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

3.    ГОРАН НАУМОВСКИ како изведувач на композицијата „ТВОЈ ЗА СЕКОГАШ“, автор на музика, текст и аранжман Иле Спасов, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

Народна музика

 

1.    ПЕРО ЦАЦА како изведувач на композицијата „ЗА ЕДНА ЉУБОВ НЕЗАБОРАВНА“, автор на музика и текст Перо Цаца, автор на аранжман Ангел Ќосев, продуцент на аудио и видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

2.    ЈУЛИЈАНА НИКОЛОВСКА како изведувач на композицијата „ГОЛТКА ЉУБОВ“, автор на музика, текст и аранжман Јулијана Николовска, продуцент на аудио и видео запис СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ:

 

Забавна музика

 

1.    САЊА ХРИСТОВА ЛЕФКОВА како изведувач на композицијата „ПОЧЕТОК И КРАЈ“, автор на музика, текст и аранжман Александар Масевски, продуцент на аудио запис РОКЕНРОЛ ТП Ѓорѓи Андреја Мишковски, продуцент на видео запис Друштво за филмска продукција ТОМAТО ДООЕЛ Скопје

 

2.    ФИЛИП ЈОРДАНОВСКИ како изведувач на композицијата „БЕЗ ТЕБЕ“, автор на музика, текст и аранжман Владимир Дојчиновски, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје

 

3.    НАДЕ ТАЛЕВСКА како изведувач на композицијата „НЕ МЕ ОСТАВАЈ НА ДРУГ“, автор на музика, текст и аранжман Александар Масевски, продуцент на аудио запис РОКЕНРОЛ ТП Ѓорѓи Андреја Мишковски, продуцент на видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

4.    МАЈА ГРОЗДАНОВСКА ПАНЧЕВА како изведувач на композицијата „ВРЕМЕ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габроски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје

 

Народна музика

 

1.    ГРАМОС АЉИЈИ како изведувач на композицијата „АХ ЉУБОВ“, автор на музика, текст и аранжман Грамос Аљији, продуцент на аудио и видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДООЕЛ Скопје.

 

2.    ЈОВИЦА МИЦЕВСКИ како изведувач на композицијата „АКО НЕКОГАШ“, автор музика и текст Малинка Матеска, автор на аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

3.    МИЛИЦА КУЗМАНОВСКА како изведувач на композицијата „ГОРДА ЖЕНА“, автор на музика и аранжман Милан Зафков, автор на текст Орце Зафировски, продуцент на аудио и видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

4.    ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ како изведувач на композицијата „РАНО Е“, автор на музика и текст Орце Гелевски, автор на аранжман Дејан Момировски, продуцент на аудио и видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

Категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“:

 

Забавна музика

 

1.    ЃОКО ТАНЕСКИ како изведувач на композицијата ТОЈ ШТО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИ“ автор на музика, текст и аранжман Дамјан Лазаров, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

2.    ЛИДИЈА КОЧОВСКА како изведувач на композицијата „ПОТПОЛНИ СТРАНЦИ“,автор на музика, текст и аранжман Дамјан Лазаров, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

3.    ГОРАН МИЛОСКОВСКИ („ГРУПА „АРИЈА“) како изведувач на композицијата КАЖЕТЕ И“ автор на музика, текст и аранжман Горан Милосковски, продуцент на аудио и видео запис СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје.

 

4.    МАРЈАН СТОЈАНОВСКИ како изведувач на композицијата БЕЗ ТЕБЕ“ автор на музика, текст и аранжман Ана Пандевска, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

 

Народна музика

 

1.    КАТЕРИНА ТАНЕВА ЃОРГИЕВА (ГРУПА ,,НЕЛИ ТИ РЕКОВ”) како изведувач на композицијата како изведувач на композицијата ЉУБИ МЕ ДО ЗОРИ“ автор на музика и аранжман Иле Спасев, автор на текст Цане Трајчевски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРK ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

2.    КАТЕРИНА ТАНЕВА ЃОРГИЕВА како изведувач на композицијата ЧЕКАЈ ЗОРО“, автор на музика, текст и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

3.    АВНИ АЉИЈИ како изведувач на композицијата „АХ МОЈ ЖИВОТ“ автор на музика Авни Аљији, автор на текст Мендерес Лумани, автор на аранжман Грамос Аљији, продуцент на аудио и видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДООЕЛ Скопје.

 

4.    КАТЕРИНА БРЕЗОВА како изведувач на композицијата ,,СУДБО СВЕТА“ автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио и видео запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија „ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ“:

 

1.    ВАНЧО ДИМИТРОВ  како автор на музика на композицијата „ДАЛЕКУ Е МОЈОТ ДОМ“, автор на текстот Јелисавета Танaсковска, автор на аранжманот Димитар Димитров, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје.

 

2.    ТАТЈАНА ШАБАНОСКА  како автор на музика и текст на композицијата „МОЈАТА МАЈКА“, автор на аранжман Борче Шабаноски, продуцент на аудио запис  ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

3.    БОРЧО ДИМИТРОВ  како автор на аранжман на композицијата „ЖАБИ“, автор на музика и текст Цветанка Сјеклоќа, продуцент на аудио запис  ГИНОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

 

4.    ТАТЈАНА ШАБАНОСКА  како автор на музика и текст на композицијата „ДРУГАРКА“, автор на аранжман Борче Шабаноски, продуцент на аудио запис  ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

5.    ТАЊА БАЈРАКТАРОВА како автор на текст на композицијата „БРЗОЗБОРКА“, автор на музика и аранжман Андријана Јаневска, продуцент на аудио запис ГИНОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

 

6.    ИВАН ЈОВАНОВ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ВОЗ“, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје.

 

7.    АНА ПАНДЕВСКА како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ЧА, ЧА, ЧА“, продуцент на аудио запис КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

8.    ТАТЈАНА ШАБАНОСКА како автор на музика и текст на композицијата „СЕСТРИЧКА“, автор на аранжман Борче Шабаноски, продуцент на аудио запис  ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје

 

9.    ТАЊА БАЈРАКТАРОВА како автор на текст на композицијата „ГОЛЕМИОТ БУФ“, автор на музика и аранжман Андријана Јаневска, продуцент на аудио запис ГИНОВСКИ ДООЕЛ Скопје

 

10.  ДАМЈАН ЛАЗАРОВ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „САНДРА“, продуцент на аудио запис  КМ ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

 

11.  АЛЕКСАНДАР МИЦКОВСКИ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ЈАЈЦИЊА ЦРВЕНИ“, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје

 

12.  ИВАН ЈОВАНОВ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „СКИЈАЊЕ“, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје

 

Категорија КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРААТ СЕМЕЈНИТЕ  ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО ИЛИ МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА:

 

Забавна музика

 

1.    АНЕТА РИСТОВА како изведувач на композицијата „КАЈ И ДА СУМ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габроски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

Народна музика

 

1.     ЈАСМИНКА ГУЊОВА КОСТОВА како изведувач на композицијата „НЕ НИ ТРЕБА ПОВЕЌЕ“, автор на музика и аранжман Борчо Димитров, автор на текст Ратко Спасовски, продуцент на аудио и видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија: КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРА ИСТОРИЈАТА НА  МАКЕДОНИЈА

 

Забавна музика

 

1.    ГОРАН НАУМОВСКИ како изведувач на композицијата „МОЈА НАЈМИЛА“ автор на музика, текст и аранжман Владимир Дојчиновски, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

Народна музика

 

1.    МИЛЕНА ЈОВАНОСКА како изведувач на композицијата „ЗЕМЈО ХЕРОЈСКА“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габроски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

Категорија ЅВЕЗДИ:

 

Забавна музика

 

  1. РОБЕРТИНО САЗДОВ, како изведувач на композициjата „ДОЛЕ“, автор на музика, текст и аранжман Робертино Саздов, продуцент на аудио и видео запис Студио РОСС Робертино дооел Скопје.

 

  1. РОБЕРТИНО САЗДОВ, како изведувач на композициjата „ГОРЕ“, автор на музика, текст и аранжман Робертино Саздов, продуцент на аудио и видео запис Студио РОСС Робертино ДООЕЛ Скопје.

 

Народна музика

 

  1. ВИОЛЕТА ТОМОВСКА, како изведувач на композицијата „ПРАЗНИК“,автор на музика Дамир Имери, автор на текст Огнен Неделковски и автор на аранжман Дамир Имери, продуцент на аудио и видео запис СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје.

 

  1. ВИОЛЕТА ТОМОВСКА, како изведувач на композицијата „ПРОСТОДУШНА“ автор на музика Миле Барбаровски, автор на текст Ѓорги Барбаровски и автор на аранжман Дамир Имери, продуцент на аудио и видео запис СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје.

 

3.    ПЕТАР НЕЧОВСКИ како изведувач на композицијата „ЗА ТЕБЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ристо Апостолов, продуцент на аудио запис ДЕОСОЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ и на видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

4.    ПЕТАР НЕЧОВСКИ како изведувач на композицијата „ПЕСНАТА НАШИНСКА“, автор на музика, текст и аранжман Деан Ќурчиев, продуцент на аудио запис ДЕОСОЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ и на видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

                                                                                                           

 

Член 2

Оваа Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Врз основа на член 3 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, а со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции.

           Со Решение број 20-1998/4 од 25.04.2016 година, Директорот на ЈРП МРТ Скопје утврди Листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции, а согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

Врз основа на член 16 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, по случаен избор (лотариски систем) се изврши избор од Листата на членови и со Одлука број 20-1998/8 од 06.05.2016 година на Директорот на ЈРП МРТ беше формирана Комисијата за избор по конкурс која ќе учествува во постапка за одлучување по првиот квартален конкурс од 2016 година, објавен во месец декември 2015 година.

Комисијата во состав: Благоја Здравковски (претседател), Методија Автовски, Никола Фириев, Весна Малјановска, Цане Петров, Лилјана Автовска и Панче Илиев-членови, по преслушувањето на композициите и разгледувањето на пријавите со потребните документи, до Директорот на ЈРП МРТ Скопје, достави Извештај со бр. 20-1998/9 од 18.05.2016 година за избор на изведувачи односно на нови композиции на конкурсот за првиот квартал во 2016 година.

Во постапката на донесување на Одлуката за избор на изведувачи, односно композиции кои се прифатени на првиот квартален конкурс за 2016 година, во категоријата ,,ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“ Народна музика, од комисијата е предложен за избор изведувачот Назиктер Исеини, на композицијата „МОЈАТА ПЕСНА“, автор на музика и аранжман Мухамедали Незири, автор на текст Назиктер Исеини, продуцент на аудио и видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДООЕЛ Скопје.

При проверка на податоците и доставената документација од страна на МРТ, се констатира дека  при поднесување на барањето учесникот на конкурсот- изведувачот, не постапил согласно член 13 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, и во прилог на Барањето не е доставена Изјава од Назиктер Исеини како автор на текстот на композицијата „МОЈАТА ПЕСНА“, дека доставената композиција не била претходно изведувана, поради што истата не е прифатена.

Со оглед на наведеното и Извештајот број 20-1998/9 од 18.05.2016 година, откако се утврди кои изведувачи ги исполнуваат законските услови за учество на конкурс предвидени во член 13 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, Директорот на ЈРП МРТ Скопје согласно член 20 од Законот, одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.                                

 

 

                                                                             Јавно радиодифузно претпријатие

                                                                  МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје