Фудбал - квалификации за ЕП до 21 год.

Македонија преку Украина кон ЕУРО 2017

27.05.2016 21:26

Нашите млади фудбалери како гости ја совладаа Украина со 2:0. Третиот триумф на нашата репрезентација во третата квалификациска група и го обезбедија Радески во 17-та и Демири во 56-та минута.

Оддамна некоја македонска фудбалска репрезентација не била конкурентна во некој квалификациски циклус, како што е сега селекцијата до 21 година во обидот да оствари историски пласман на Европско првенство. Нашите млади фудбалери како гости ја совладаа Украина со 2:0. Третиот триумф на нашата репрезентација во третата квалификациска група и го обезбедија Радески во 17-та и Демири во 56-та минута.

Со втората победа против Украина, во Скопје беше 1:0, Македонија се израмни на второто место со Исланд со по 12 бода. Исланѓаните кои имаат подобра гол разлика се единствените кои во седумте кола ја совладаа нашата селекција. Лидерот Франција има 14 бода.

Најдобрата репрезентација директно ќе се пласира на Европскиот шампионат следната година во Полска, додека второпласираната ќе игра бараж.

До крајот на квалификациите Македонија ќе игра на гости со Шкотска, па двапати дома со Северна Ирска и уште еднаш со Шкотска во последното коло.