Кошарка - НБА (финале - западна конференција)

Голден Стејт - Оклахома 2:3

27.05.2016 21:29

Шампион намали на 3:2 преживеа барем уште два дена до гостувањето во Оклахома Сити, благодарение на Стеф Кари кој реализираше 31 поен, 7 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки.

Голден Стејт славеше пртоив Оклахома со 120:111 и не дозволи крај на финалната НБА серија во западната конференција. Шампион намали на 3:2 преживеа барем уште два дена до гостувањето во Оклахома Сити, благодарение на Стеф Кари кој реализираше 31 поен, 7 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки. Расположен беше и Клеј Томсон со 27 коша, како и Ендрју Богут со 15 поени ио 14 скока.

Тандемот на Тандерс, пак немаше поддршка од соиграчите, па без победнички ефект останаа 40-те поени на Кевин Дурент и 31-от на Расел Вестбрук.

Тројца кошаркари од четирите конференциски финалисти се избрани во идеалната НБА петорка. Ги предводи најкорисниот играч, Кари кој единствен доби максимален број гласови. Леброн Џејмс од Кливленд по десетипат е меѓу најдобрите и му недостига само уште едно вакво признание за да го израмни рекордот на Коби Брајант и на Карл Мелоун. Со нив прват во кариерата се и Вестбрук, најдобриот дефанзивец Каваи Ленард од Сан Антонио и ДеАндре Џордан од Клиперс.