Ракомет - Лига на шампион

Семи завршен турнир во Келн

27.05.2016 21:32

Во првата меѓусебна пресметка токму во полуфиналето во Ланксес Арената, Кјелце и Пари Сен Жермен ќе влезат со свои адути.

По еден шампион, финалист, дебитант и третопласиран тоа е составот на седмиот фајнл - фор во ракометната Лига на шампионите во Келн.

Во првата меѓусебна пресметка токму во полуфиналето во Ланксес Арената, Кјелце и Пари Сен Жермен ќе влезат со свои адути. За Полјаците ова е трето полуфинале, минатата година беа третопласирани. Иако е првпат во големата четворка, францускиот состав е полн со искуство, па на пример Никола Карабатиќ и Тјери Омејер по трипати биле европски прваци.

Кил и Веспрем, пак, имаат богато заедничко минато. Во 13-те дуели, Германците имаат победа повеќе, во полуфиналните мечеви и тоа во последните две сезони е 1:1. Кил има три титули, последната во 2012-та, Унгарците кои на хартија важат за најголеми фаворите ги загубија двете финалиња, ланското и во 2002-ра.

Преносите од четирити натпревари ќе бидат на МТВ1, полуфиналињата в сабота, Кјелце - ПСЖ во 15.15 и Кил - Веспрем во 18 часот. Во истите термини в недела ќе бидат мечот за третото место, како и големото финале.