Фудбал

ЕУРО 2016 ексклузивно на Македонската телевизија

03.06.2016 18:59

Како вовед во едномесечното фудбалско уживање со ексклузивните преноси на Македонската телевизија, малку бројки...

Од 10 јуни до 10 јули, најважната споредна работа на светот, фудбалот по 15-ти пат ќе биде во полн европски сјај. На континанталниот шампионат во Франција првпат ќе играат 24 репрезентации, Шпанија е единствената што ја обранила титулата и ќе се обиде да биде првата со три пехари еднопродруго и рекордни четири. Од девете досегашни европски прваци ќе ги нема Холандија, Данска и Грција. Репрезентацииите ја одбработуваат последната фаза од подготовките, а привршуваат и контролните натпревари. Како вовед во едномесечното фудбалско уживање со ексклузивните преноси на Македонската телевизија, малку бројки.

Селекторите веќе ги дефинираа составите. Имаат право на замена до почетокот на првиот меч на својата репрезентација, но само поради повреда и со валидна медицинска документација којашто треба да ја одобри комисија на УЕФА. Од вкупно 552-цата фудбалери на Европското првенство, 139 играат во Англија и тоа во четирите професионални лиги. Сите 23-ца во Гордиот Албион се од Премиер лигата. Русите, пак имаат само еден кој не игра во домашното првенство и тоа натурализираниот Германец од Шалке, Роман Нојштатер за чиешто вклучување во „Зборнаја“ дозвола требаше и даде Претседателот на државата, Владимир Путин. И Италијанците немаат многу странци, па 18 фудбалери играат во Серија А. Спротивно, пак, Исланд, Република и Северна Ирска немаат ниту еден фудбалер од националните шампионати. Истото важи и за Велс кој има двајца фудбалери од Свонси, но тоа е екипа којашто е дел од најквалитетната англиска конкуренција.

Ливерпул и Јувентус даваат најмногу, по 12 репрезентативци, Тотенхем 11, Манчестер Јунајтед 10. Во Шпанија има дури 19 фудбалери кои играа во Лигата на шампионите, во Германија 16, во Франција 15. Никој од репрезентациите на Албанија, Северна Ирска, Унгарија и Словачка сезонава не настапуваше во елитното натпреварување. Најдобро би требало да се познаваат руските фудбалери затоа што доаѓаат од најмалку клубови, осум. Англија и Украина ги сочинуваат играчи од десет екипи. Шведска и Словачка, пак имаат фудбалер од дури 13 различни национални првенства. Пет фудбалери играат во азиски тимови, а четворица во екипи од КОНКАКАФ зоната.

Но, фудбалот е веројатно единствениот спорт во којшто бројките не важат, бубамарата и натаму е тркалезна.