Полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2016 година

13.06.2016 17:01

Инспекцискиот совет ги известува кандидатите кои се пријавиле на Јавниот повик за пријавување кандидати за полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2016 година, дека испитот ќе се одржи во просториите на Испитниот центар ASSECO со седиште на улица „Христо Смирненски“ бр. 30, во Скопје, во следниве термини:

·         23.06.2016 година со почеток од 10.35 часот и

·         23.06.2016 година со почеток од 13.10 часот.

Листите со имињата на кандидатите и предвидените термини можете да ги видите на вебстраната на Инспекцискиот совет http://is.gov.mk