Фабрика за полнење вода во дебарско Гари

31.10.2013 12:11

Камен-темелник за изградба на фабрика за полнење вода ќе биде поставен денеска во близина на дебарското село Гари

Станува збор за инвестиција на корпорацијата „Мали Лошињ“, составена од компаниите „Мл-Гари“, „Мл-Ничипур“ и „Мл-Каратаж“, кои се занимаваат со експлоатација на вода и камен.
 
Инвестицијата во фабриката е околу 6 милиони евра, а бројот на вработени 35. Производството на флаширана вода треба да почне во летниот период следната година.
 
На настанот најавено е присуство на министерот за странски инвестиции Бил Павлески, министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
 
Инвеститорот ја најави изградбата на фабриката откако минатата година од Министерството за економија доби лиценца за експлоатација на подземни води. Дозволата за експлоатација ја доби компанијата Мл-Гари.