Смената летно-зимско сметање на времето води кон зголемен број сообраќајки

31.10.2013 12:19

Преминувањето од летно на зимско часовно време води до се почести сообраќајки на патиштата во двете седмици по враќањето на стрелките на часовниците, се вели во статистика на осигурителна компанија во Британска Колумбија во Канада. 
 
Податоците покажуваат дека сообраќајките се зголемени за 16 отсто во двете недели по смената на времето отколку во двете недели пред таа смена на стрелките на часовниците. 
 
Според осигурителната компанија 30 отсто од возачите се будат подоцна, тоа ги изморува и тие се помалку внимателни, што води кон почести сообраќајки. Анализата е направена со податоци од 2006 до 2010 година. Северна Америка „враќа“ стрелки на часовниците оваа сабота спроти недела (2 спроти 3 ноември).