Скандал во Кина по неуспешна фотомонтажа на властите

31.10.2013 12:27

Кинеската провинција Анхуи испрати извинување заради ретуширана фотографија на која заменикот градоначалник Ван Хум лебди како дух без нозе над минијатурна старица

Фотографијата ја објави покраинската Влада со цел да прикаже како градските официјални лица се грижат за стари лица. 
 
Вработениот кој бил одговорен за неуспешната фотомонтажа бил приморан да напише самокритичен текст со кој јавно се извинил за фотографијата која била масовно исмеана.
 
Официјалните лица истакнале дека навистина посетиле 100-годишници, вклучително и жената Ченг Јанг која е на фотографијата, а две фотографии биле споени во една бидејќи „сончевиот балкон на кој старата жена седела бил премал за да може фотографот да ги фотографира сите на една фотографија“. 
 
– Изрзуваме длабоко жалење поради негативните гласини што таа фотографија ги покрена. Со тоа искуство ќе научиме да ја подобриме работата на социјалните служби, се вели во изјава во која се додава дека партискиот комитет и владата брзо реагирале со бришење на спорната фотографија.