ЕУРО 2016

Фудбалот веќе не е споредна работа

28.06.2016 16:16

Втората половина на шампионатот може во целосна смисла да ја потврди и да ја оправа идејата на УЕФА за проширување на системот. Кога ги нема Русите и Англичаните ги нема и проблемите, а во сеќавањата останува ехото на песните и морниците по телото предизвикани од убавите гестови...

Почна со 24, продолжи со 16, останаа уште осум репрезентации и навивачки групи на ЕУРО. Нема веќе Ирци, нема Англичани, од островот тука е само „црвениот ѕид“ на Велс, доаѓаат Исланѓани. Германците и Италијанците се стандардно бројни. Французите се секако дома, во Париз живеат многу Португалци, а и Полска не е далеку. Втората половина на шампионатот може во целосна смисла да ја потврди и да ја оправа идејата на УЕФА за проширување на системот. Кога ги нема Русите и Англичаните ги нема и проблемите, а во сеќавањата останува ехото на песните и морниците по телото предизвикани од убавите гестови. Во Франција се слеа навивачки бран од сите страни на компасот, но без оглед на постоењето и на „навивачка“ глобализација, секој оставаа свој сопствен белег.

УЕФА ги триe рацете, бизнисот во Франција расте. Поголемиот број натпревари ја наполни касата на европската куќа на фудбалот. За разлика од претходниот шампионат, УЕФА ќе собере приход којшто е повисок за повеќе од 50 проценти, а со тоа ќе изброи над две милијарди евра. Горе-долу тоа би требало да бидат прецизни бројки, иако на такви суми и мала статистичка грешка прави големи разлики.  

Но што е со домаќинот? Франција вложи милијарда и 700 милиони евра во подготовката за првенството. Тоа се главно пари потрошени за реновирање и подготовка на десетте стадиони на коишто се играат натпреварите. Проценките на Академијата за прво и економија во спортот во Лимож се дека фудбалот ќе генерира милијарда и 300 милиони евра во француската економија. Тие пари главно ќе ги потрошат навивачите за превоз, за смесување, за храна... Ако двокреветна соба во Париз во хотел со три ѕвезди е 100 евра за ден, ако кафе е пет, а пиво десет евра во кафуле, јасно е зошто француските бизнисмени ги тријат рацете. Тие не вложуваа премногу, некои од нив воопшто, но со насмевка на лицето ќе се сеќаваат на ЕУРО 2016. Францускиот буџет ќе врати дел од вложувањата преку поголем прилив на даноците, но во споредба со приватните бизниси и со УЕФА, за Владата ќе остане значителна фискална дупка којашто ќе може да ја пополни единствено со  немерливото задоволство доколку француската селекција го освои пехарот. Иако не мора да биде клучна, но домашниот терен, сепак, е голема предност.   

И после некој нека рече дека фудбалот е најважната споредна работа. Во ерата на промоција на мултикултура, во фудбалот има се. И политика и економија, но нужно и етика и естетика. И затоа сега го гледаат сите!