Обама изрази уверување дека ќе биде решен проблемот со сајтот за Обамакер

31.10.2013 12:39

Американскиот претседател Барак Обама денеска призна дека сајтот за пријавување за добивање здравствено осигурување не работи добро, но изрази уверување дека техничките проблеми ќе бидат надминати до крајот на ноември, кога целиот систем треба да биде целосно функционален.
 
Обама го посети Бостон во Масачусетс, првата сојузна држава во САД, која воведе здравствено осигурување на сите граѓани, нешто што многу наликува на Законот за достапна здравствена заштита (Обамакер). 
 
Според проценките моментално околу 50 милиони Американци или околу 15 проценти од жителите немаат никаква здравствена заштита. 
 
- Нашите луѓе работат напорно за целосно функционирање на сајтот и сите да можат да се пријават за осигурување, изјави претседателот на САД, посочувајќи го Масачусетс како добар пример за уредување на оваа област. 
 
Масачусетс донесе закон сличен на Обамакер во 2006 година, додека гувернер на државата беше минатогодишниот републикански кандидат за претседател Мит Ромни.