Фудбал – ЕУРО 2016

Заврши исландската бајка, Германија и Велс се ослабени

04.07.2016 13:01

На нивниот пад фудбалските конзервативци чекаа дури пет натревари. Толку голови постигнаа Французите во четврфиналниот дуел со нив, па без оглед на различното реноме во однос на вчерашниот ривал, ја кренаа нацијата на нозе. Ехото на „Марсељезата“ од Сент Дени ги носи со мислите кон пехарот. Има уште две пречки! Првата може да биде со тежина на Ватерло...

Заврши исландското чудо на ЕУРО 2016. француското сино беше многу повпечатливо на „Стад Д Франс“. Домаќинот го разнесе дебитантот во привилегираниот континентален октет. Жиру, Погба, Гризман, Паје подготвени го дочекаа Исланд и го совладаа со 5-2. Овој пат тимот не можеше да ја покрие драстичната квалитативна разлика. Исланд падна рано во натпреварот, но не го избриша фактот дека понуди многу, понуди нешто поразлично. Им даде надеж на помалите, покажа дека фудбалското творештво почнува со отворен ум и со чисто срце. Во современиот фудбал во којшто секое движење на топката се разработува детално, Исланѓаните влегоа како тотални аутсајдери. На нивниот пад фудбалските конзервативци чекаа дури пет натревари. Толку голови постигнаа Французите во четврфиналниот дуел со нив, па без оглед на различното реноме во однос на вчерашниот ривал, ја кренаа нацијата на нозе. Ехото на „Марсељезата“ од Сент Дени ги носи со мислите кон пехарот. Има уште две пречки! Првата може да биде со тежина на Ватерло.

Германија елиминира еден голем ривал на патот до Велодром в четврток. светскиот првак ја доби исцрпувачката битка со „аѕурите“, но ги загуби суспендираниот Хумелс и повредените Кедира и Гомез. Три значајни фигури коишто ќе и недостасуваат дури и на Германија. Затоа Лев има многу работа пред себе решавајќи дали ќе остане на системот којшто го применува главно против Италија или ќе го врати стандардниот изглед. Што и да се случи, мечот Гранција – Германија во Марсеј ќе биде уште еден во низата „финале пред финалето“!

А на чекор до реално финале се Велшаните и Португалците.  Герет Бејл против Кристијано Роналдо, повторно „братска“ битка на два великана на Реал. Во отсуство на Исланд, оние коишто ги симпатизираат помалите и послабите ќе навиваат за Велс, иако тешко би оделе спордбите меѓу двата новака во четвртфиналето на европските првенства. Белгијците не можеа да го урнат „црвениот ѕид“, иако рано направија дупка во него и дојдоа до предност. Велшаните најдоа решение за негативата и за почетната дезорганизација. Сега треба да најдат решение за отсуството на „пожолтените“ Ремзи и Дејвис. Селекторот Колмен ќе избере некој којшто ќе истрча на нивните позиции, но прашање е колку резервистите се на ниво на стартерите, особено на овие двајца? Кај Португалија, на пример, ако се иземе Роналдо, нема незаменливи, па фудбалерите од втор план го донесоа „селесао“ до полуфиналето. Кварезма ја урна Хрватска, Ренато Санчез погоди против Словачка. Португалците издржаа два силни натпревара во нокаут фазата, а и групата си ја направија комплицирана, па откако предвреме се испречија пред тешки искушенија, добија силна самодоверба за двата последни чекора. Првиот е в среда, а дотогаш одмор за сите како почеток на циклусите  -  два дена без фудбал, па два со полуфинале, повторно два дена без фудбал, а потоа финале. Ако не престанавте досега, не вреди да престанете да гледате фудбал сега!!!