Фудбал- ЕП 2016

Полуфиналната луња доаѓа

05.07.2016 16:40

Португалија-Велс, пред почетокот, комбинација која не можеше да се замисли! Но, фудбалот често знае непредвидливо да ги постави работите, па така и Велшание дојдоа во ситуација утревечер во Лион да продолжат да го скицираат сопствениот фудбалки портрет...

Наидува полуфиналната луња. Ќе се појави утре во Лион, а потоа ќе се спушти надолу кон Медитеранот, во Марсеј, каде што ќе удри со најсилен интензитет...

Еуропеото влегува во најинтереесната и најдраматична фаза...!

Португалија-Велс, пред почетокот, комбинација која не можеше да се замисли! Но, фудбалот често знае непредвидливо да ги постави работите, па така и Велшание дојдоа во ситуација утревечер во Лион  да продолжат да го скицираат сопствениот фудбалки портрет,  кој влегува во историските рамки на земјата!На Герет Бејл и другите од ова велшко фудбалско друштво,во Франција упорно им се налепува етикетата на аутсајдери, а тие без комплекси го прифаќаат таквиот  статус, а на теренот истрчуваат полни со самодоверба и победнички дух. Утре Велс ќе се соочи со Португалија, која заасега без играчка и резултатска доминантност минува преку тешките пречки! За разлика од Бејл, Кристијано Роналдо не е истиот човек од Реал Мадрид...сеуште во него е заробена раскошната фудбалска фантазија...

Марсеј, град премачкан со дебела историска патина,но и со бурна фудбалска, ќе сведочи веројатно за најголемата и најтешката битка на ова европско првенство. Франција против Германија.Дуел, кој во секој поглед ги надминува вообичаените фудбалски рамки! Тоа е историска спротивставеност, која предизвикува голема возбуда, која во себе носи и доза на омраза, страст и желба. На европските првенства никогаш досега не играле во нокаут фазата, за разлика од светските со битки од минатото, кои се пренесуваат на поколенијата! Во 1958 година, во бурното „мало финале“ Францзите ги славеа уверливите 6:3 и четирите гола на ненадминливиот стрелец Жист Фонтен.Во полуфиналето од Мундијалот во Шпанија во 1982-та во Севилја се одвиваше една од најголемите фудбалски драми. Откако 90-те минути изминаа со идентични 1:1,продолженијата донесоа крвава разврска. Франција поведе со 2:1, а потоа и со 3:1 со головите на Трезор и Жирес...Се распознаваа Французите како финалисти, кога контрата на Батистон, беше запрена на брутален начин од германскиот голман Харалд Шумахер...Последиците од еден од најшокантните фаули во фудбалската историја, беше потрес на мокот, скршена вилица, расфрлани заби на тревникот на несреќниот Батистон. Парадоксот да биде уште поголем, холандскиот судија Корвер, воопшто не го санкционира голманот Шумахер...Шок , вешто исползуван од противникот. Румениге и Фишер донесоа израмнување на 3:3. „Триколорите“ не беа во состојба да го  издржат товарот на ударите од белата точка!

И на следното светско првенство во Мексико Франција и Германија одново играа во полуфиналето. Германија победи со 2:0!Последниот резултатски удар Французите го примија пред две години во Бразил, во ¼ финалето со 1:0,тоа беше  катапултот на „панцерите“, кон титулата!

Може ли после се задутре  на Велодром Французите да истрчаат без жед за одмазда?