Фудбал – ЕУРО 2016

Трио фантастико

07.07.2016 13:36

Сите се Французи, заедничко им се головите. Головите на големите натпреварувања, на кои Франција имала највисоки резултатски дострели!

Жист Фонтен во 50-те, Мишел Платини во 70-те и 80-те , Жан Пјер Папен во 80-те и 90-те, Тјери Анри на преминот во новото столетие! Сите се Французи, заедничко им се головите. Головите на големите натпреварувања, на кои Франција имала највисоки резултатски дострели!

На светското првенство 1958 година 13-те гола на Фонтен, беа огромниот придонес за влез на „Триколорите“ во ½ финалето. Мишел Платини на Еуропеото во 1984-та, со неверојатните свои 9 голови првпат  ја крена Франција на пиедесталот. Историјата сведочи и за пионакви искуства, кога победувала голгетерската разновидност, кога завршните удари доаѓале од различни позиции и од повеќемина реализатори...Франција втората европска круна ја освои во 2000-та! 13-те постигнати гола беа дело дури на 7-мина фудбалери...!

16 години изминаа од тој втор француски драгоцен камен во европската круна!Од времето на триумфот на хомогената екипа со извонредни индивидуалци: Зидан, Анри, Трезеге, Вилторд, Џоркаеф, Дугари, Блан...сите беа со свој  мал голгетерски прилог...!

Има ли сличности во убоитоста на  таа најславна француска генерација и денешнава?

Гризман, Жиру и Паје е триото, кое денес ја води Франција по тешките првенствени врвици. Од 11-те голови досега, дури 10 се во нивна соспственост.Секое овие три имиња имаше свои 5 минути, кои му беа неопходни на домашниот состав. Жиру и Паје беа прецизни на отворањето против Романија. Гризман и Паје ја заверија нокаут фазата против Албанија. Гризман одново блесна во 1/8 финалето, со двата гола  беше човекот за пресврт против Република Ирска...Во кршењето на исландскиот мраз учествуваа сите тројца, им се придружи Пол Погба. Гризман има 4 гола крај своето име, Жиру и Паје по 3. Сите се во игра за Златната копачка,голгетерско „трио фантастико“! Ударна сила, од која Дешам и нацијата очекуваат да ја однесе Франција в недела на Стад Д Франс, а потоа и на Елисејските полиња...!

Како што беше во славните минати времиња.