Фудбал – ЕП 2016

Полуфинале како финале пред финале!

07.07.2016 13:40

Франција само еднаш ја совладала Германија и трипати била елиминирана на големите натпреварувања, поточно, на Светските првенства, на Европските ова ќе бид прв дуел...

„Германија е Германија, најдобрата репрезентација во Европа и во светот, мундијалски шампион“, вели Дешам. „Играат агресивно, домаќини се, нивниот напад е многу добар, тоа се квалитетите на Франција“, изјави Лев пред второто полуфинале на Европското првенство во фудбал. Германскиот стручњак не смета дека поради историјата и трофеите се фаворити, оцени дека триколорите биле импресивни против Исланд, но дека пронашол слабости коишто ќе се обидат да ги искористат. Францускиот селектор, пак, најави дека ќе го дадат најдоброто против најдобриот. „Историјата никој не може да ја промени, ова е нова страница, ние треба да ја испишеме и да веруваме во себе“, рече Дешам со намера да ги ослободи фудбалерите од притисокот којшто доаѓа со непријатната традиција.

Франција само еднаш ја совладала Германија и трипати била елиминирана на големите натпреварувања, поточно, на Светските првенства, на Европските ова ќе бид прв дуел. По триумфот за третото мундијалско место пред 58 години, панцерите беа подобри во полуфиналињата, 82-та од 1:3, до 3:3, па на пенали, 86-та со 2:0, како и во четвртфиналето во 2014-та со 1:0 со голот на сега суспендираниот Хумелс. Во вкупната традиција од 27 дуели, триколорите имаа 12 или три победи повеќе, но главно во пријателските мечеви, како последниот со 2:0 во ноември минатата година одбележан со терористичките напади во Париз.

Тројниот шампион Германија е во шестото континентално полуфинале по ред, во последните 21 дуел на големите натпреварувања има пораз само во полуфиналето пред четири години од Италија којашто е единствената што тука ја затресе нејзината мрежа и тоа од 11 метри. Франција, пак, е најефикасна со 11 погодоци, 10 постигнаа Гризман, Паје и Жиру, еден Погба кој наводно со согласил да се врати во Манчестер Јунајтед за рекорден глобален трансфер. Триколорите немаат пораз на врвните настани на домашен терен, титулите на ЕУРО 84-та, првата од двете и на мундијалот 98-та, како и патот до ова полуфинале го изградија со 15 победи и две нерешени. Дешам кој со евентуални два триумфа може да му се придружи на единствениот со титули како играч и тренер, Фогтс, нема кадровски проблеми. Напротив, размислува дали да го врати Рами во првиот тим, а Умтити на клупата, дали да почне Канте во формација 4-3-3 или како против Исланд, Сисоко да биде десно, а Погба како последен играч за врска заедно со Матуиди во варијантата 4-2-3-1.

Лев, пак, им верува на сите фудбалери и затоа не бара алиби во „жолтицата“на Хумелс и во повредите на Кедира и на Гомез. Оттаму нема да експериментира, па Хеведес ќе игра како стопер, Кимих десен бек, Швајншајгер тренираше, па ќе биде во најдобрите 11, веројатно и Геце откако играше само на стартот. Икао на десете меча на Европските првенства се уште не постигнал гол, Милер ќе биде предводник на нападот.

Велодром, Марсеј, Германија или Франција во финалето против Португалија, МТВ1 - 21 часот.

Од Франција за Македонската телевизија, Горан Стерјов