ЕУРО 2016 – германскиот состав со иста физиономија

Мали промени, иста цел – пехар!

07.07.2016 16:50

За разлика од шампионатот во Бразил, селекторот Јоаким Лев сега го нема долгогодишниот капитен Филип Лам. Стандардниот десен бек даваше извонреден придонес и во средниот ред по потреба, а со него дефназивата изгледаше беспрекорно. Ако стоперите засега не се проблем, се сметаше дека „панцирите“ нема да имаат соодветно силни бекови за да можат да постигнат балансираност во составот...

Пред две години, „Маншафт“ ја освои светската круна со растечка форма, со експлозивен напад и со  одбрана којашто попшути само на три натпревари. Германија сега е уште поубедлива во некои статистички показатели. Нема да даде 18 гола на цел турнир како на бразилскиот Мундијал, но нејзината мрежа првпат се затресе дури во петтиот натпревар на ЕУРО 2016. Во групата играше дозирано, ја прегази Словачка, ги преживеа пеналите со Италија. И еве ја во полуфиналето, на два меча од двојна титула.

За разлика од шампионатот во Бразил, селекторот Јоаким Лев сега го нема долгогодишниот капитен Филип Лам. Стандардниот десен бек даваше извонреден придонес и во средниот ред по потреба, а со него дефназивата изгледаше беспрекорно. Ако стоперите засега не се проблем, се сметаше дека „панцирите“ нема да имаат соодветно силни бекови за да можат да постигнат балансираност во составот. Сепак, Лев не се жалеше, па со Хектор лево и најпрво со Хеведес, а потоа и со Кимих десно, успеа да изгради доволно силна одбрана пред Нојер којашто ќе има соодветен продонес и во нападот. Хектор и Кимих доволно ги развлекуваат противничките тимови, а единствено потфрлуваат во прецизноста на центаршутевите коишто не се докрај употребливи за играчите во шеснаесетникот. Токму затоа Лев ја направи корекцијата во текот на шампионатот внесувајќи го Кимих во прв план на местото на Хеведес кој во Бразил беше поставен лево. Но неговата сестраност му овозможува на селекторот да ги решава проблемите како денешениот, кога поради картони Хумелс ќе го гледа полуфиналето со Франција од трибините. Иако Мустафи го замени на првата средба со Украина, поради поголема постојаност, Хеведес е вистинскиот човек за Лев за дуелот со Франција.

Дефанзивниот ред засега е на ниво со само еден примен гол и тоа од пеналот на Бонучи. А кога на Германија нема да и дадете гол, тешко е да се надевате на успех имајќи ја предвид моќта на нападот. Сега и тој ќе биде ослабен. Гомез се повреди и нема да игра ниту во евентуалното финале. Повратникот во дресот на трикратниот европски првак погоди двапати и е еден од шестемина стрелци на седумте гола на германскиот состав. Неговото отсуство ќе биде хендикеп со оглед дека успешно ја презеде улогата на Клосе од Бразил, а Милер никако не може да го урне „проклетството“ на европските првенства. Десетте гола на 13 натпревари на мундјалите се импресивно остварување, но нема рационално објаснување за десетте настапи на континенталните шампионати без ниту еден даден гол! Милер го промаши и пеналот протоив Италија! Но влегува во шанси, па иако има се помалку време, можеби ова ќе биде негова вечер како онаа пред две години кога во полуфиналето не само тој, туку блесна цела Германија и со 7-1 во полуфиналето го декласира Бразил. Лев се навикна да ги елиминира домаќините на големите собири. Овој пат тоа треба да го направи и без Кедира, кој како и Гомез, го заврши учеството на турнирот поради повреда. Тоа значи Крос и Швајнштајгер повторно ќе бидат на средината на теренот, а Дракслер ќе добие предност странично. Младиот фудбалер на Волфсбург ги оправда очекувањата и најави долга репрезентативна кариера. Ако Милер оди најблиску до голот на Лорис, што е очекувано, во редот за врска ќе остане уште едно место коешто Лев ќе го пополни врз основа на приладогувањето на противничката игра. Ако за дуелот со Италија промени цела формација, за пресметката со Французите шанса може да има и за некој од фудбалертите коишто досега не добија минутажа на ЕУРО. Сеедно какви ќе бидат решенијата, Германија секогаш се држи до својата стратегија. Колку за споредба, во однос на сосавот којшто стана светски првак, Лев користи најмалку осум идентични фудбалери. А и во случај да менува, тоа значи дека играта добива иновативни димензии.