Меѓународен конгрес на филмски архиви

29.01.2014 16:18

Љубителите на филмот и филмските уметници напролет ќе уживаат во досега необјавени материјали од Првата светска војна....

Љубителите на филмот и филмските уметници напролет ќе уживаат во досега необјавени  материјали од Првата светска војна. Околу 200 делагати од целиот свет кои ќе дојдат на Меѓународниот конгрес во Македонија ќе го донесат со себе и реткото богатство што 100 години го чуваат во  филмските архиви.

Со крупните проекти што ги презема Владата за заштита на културното богатство, според министерката за култура на земјава и се дава можност пред светот да  го промовира своето кинематографско  наследство.

Меѓународниот конгрес ќе се одржи од 4 до 10 мај во Академијата на науките и уметностите. Меѓународната  федерацијата на филмските архиви ФИАФ, секоја година го организира конгресот во различни земји. Домаќин во 2015-тата ќе биде Универзитетот Калифорнија.

 

 Викторија Тодоровска

Снимател : Војо Самандов