Ракомет

Филип Лазаров официјално во Темишвар

27.07.2016 20:43

Доскорешниот капитен на црвено - црните и официјално потпиша едногодишен договор со романски Темишвар за којшто настапува и репрезентативниот голман Златко Даскаловски...

По петте сезони во Вардар, седумте во Металург и периодот во Пелистер, ракометарот Филип Лазаров вторпат ќе се обиде да изгради интерационална кариера.

Доскорешниот капитен на црвено - црните и официјално потпиша едногодишен договор со романски Темишвар за којшто настапува и репрезентативниот  голман Златко Даскаловски.

31-годишниот лев бек пред десет години играше во Унгарија.