31-ва Летна Олимпијада

Засега 108 суспендирани руски спортисти

27.07.2016 20:46

Денеска официјална потврда дека можат да настапат добија 30-те натпреварувачи во одбојка и одбојка на песок, 16 во мечување и шестмина во тријатлон кои им се придружија на тенисерите, гимнастичарите, џудистите, стрелачите и претставниците во коњички спорт...

На девет дена до почетокот на 31-та Летна Олимпијада, спортската велесила Русија се уште не го комплетирала списокот на учесници кој да не беше допинг аферата требаше да изнесува 387 натпреварувачи. По одлуката на Онтернационалниот олимписки комитет, федерации да решаваат поединечно, Русија во моментов има 108 суспендирани спортисти вклучувајќи ги и 67-те атлетичари. Денеска официјална потврда дека можат да настапат добија 30-те натпреварувачи во одбојка и одбојка на песок, 16 во мечување и шестмина во тријатлон кои им се придружија на тенисерите, гимнастичарите, џудистите, стрелачите и претставниците во коњички спорт.

Делумно забрана за настап добија кајакарите, веслачите, како и натпреварувачите во модерен пентатлон, во едрење и во спортотивите во вода се уште се чекаат одлуките на Светските федерации во ракомет, бадмингтон, бокс, велосипедизам, голф, пинг - понг, теквондо, кревање тегови и борење. Од 28-те спорта Русите не обезбедија учество во фудбал, кошарка, хокеј на трева и во рагби.

Двојната олимписка шампионка во скок со стап, Јелена Исинбаева на собирот на руските спортисти на кој присуствуваше и Владимир Путин со солзи побара заштита од од Претседателот на земјата.

„Суспендирани сме без докази, не добивме никаква шанса да докажеме дека сме чисти и да се бориме за правото да учествуваме на Олимписките игри. Во овие четири години работевме напорно, немавме милост кон себе, но не  е коректно да плаќаме за грешките на неодговорни спортисти кои ги прекршиле правилата и кои треба да бидат казнети Бараме да не заштитите од оваа незаконска одлука“, изјави Исинбаева во обраќањето кон Путин во името и на другите руски спортисти.