Шест витамини и минерали кои ги содржат праските

04.08.2016 12:56

Една праска со средна големина (околу 150 грама) ја задоволува дневната потреба од витаминот А за 10 проценти, 17 проценти за витаминот Ц и пет проценти за витаминот Е.

Праските претставуваат овошје богато со антиоксидантни витамини, А, Ц и Е кои поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем и ја одржуваат кожата здрава и еластична.

Една праска со средна големина (околу 150 грама) ја задоволува дневната потреба од витаминот А за 10 проценти, 17 проценти за витаминот Ц и пет проценти за витаминот Е.

Што се однесува до минералите, праските содржат манган и бакар, а најбогати се со калиум (285 милиграми во 150 грама), кој е важен за превенција од хипертензија и кардиоваскуларни заболувања.