„Спортски бон-тон“ под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов

Општина Аеродром домаќин на спортскиот бон-тон

31.10.2013 14:37

Општина Аеродром, организира настан „Спортски бон-тон“

Утре, 1.11.2013 година, со почеток во 12:00 часот во паркот со авион во Општина Аеродром, ќе се одржи последниот настан од манифестацијата „Спортски бон-тон“ под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Претседателот Иванов заедно со американскиот амбасадор, Пол Волерс и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски ќе ги следат спортските активности покрај полигоните и ќе разговараат со учесниците.
Во рамки на манифестацијата, која се реализира во соработка со 7 општини од Република Македонија (Кавадарци, Росоман, Аеродром, Валандово, Дебар, Центар Жупа, Теарце), околу 200 ученици ќе играат традиционални игри на 7 полигони, а ќе имаат предавање и активно учество во работилници, кои ќе бидат раководени од универзитетски професори.
Целта на спортскиот бон-тон е младите од различни социјални и етнички групи да се дружат и да се забавуваат.
Општина Аеродром со цел да се пренесе спортскиот дух и искуство овозможи присуството на спортските ветерани од Аеродром, меѓу кои фудбалерите Кирил Дојчиновски, Гого Јовчев, Жанко Савов и Љупчо Марковски – Калц, пингпонгарот Миле Петревски и шахистот Драгољуб Јаќимовиќ.