Панихида за гемиџијата Шатев

30.01.2014 15:45

На Светонеделските гробишта во Битола денеска е оддадена почит на последниот македонски гемиџија....

На Светонеделските гробишта во Битола денеска е оддадена почит на последниот македонски гемиџија, на револуционерот, публицист, патриот и македонски интелектуалец, Павел Шатев кој целиот свој живот го посвети на македонското ослободително дело.Павел Шатев се вбројува меѓу ретките македонски револуционери, политичари и државници од постарата генерација, кој ги преживеа сите премрежја на македонската ослободителна борба.

„Павел Шатев е името кое што потсетува дека секогаш треба да се вложиме за слободата, независноста и за она што и го посакуваме на Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

По ослободувањето на Македонија, Шатев трагично го заврши својот живот во битолската затворска болница во тешки услови,. Погребан е на 30 јануари 1951 година на Светонеделските гробишта во Битола.