Самсунг ќе продава половни паметни телефони

24.08.2016 10:55

Новата програма на Самсунг подразбира продажба на половни смартфони кои ги враќаат на купувачите претплатени на програмата старо за ново. Во Самсунг ќе ја проверуваат исправноста на уредите и ќе ги продаваат како половни по пониски цени.

Компанијата Самсунг идната година планира да продава половни паметни телефони со врвни перформанси.

Новата програма на Самсунг подразбира продажба на половни смартфони кои ги враќаат на купувачите претплатени на програмата старо за ново. Во Самсунг ќе ја проверуваат исправноста на уредите и ќе ги продаваат како половни по пониски цени.

Епл веќе нуди половни уреди на неколку пазари.

Ваквиот потег на Самсунг на компанијата ќе и помогне да биде силен конкурент на евтините кинески смартфони, посебно на пазарите како Индија, каде купувачите не можат да си ги дозволат врвните мобилни телефони на Самсунг.

Меѓутоа, постои и ризик. Самсунг веќе нуди поголем број модели од средна класа, па продажбата на напредните смартфони по пониска цена може негативно да се одрази токму на тие модели.