Нова железничка несреќа во Велес

Воз прегази човек

31.10.2013 15:02

Популарниот воз „Шпанец“ во Велес помина преку човек кој лежел на пругата Битола Скопје

Нова железничка несреќа во Велес. Среќна околкост за Никола Н.  е што овој воз има висок праг па тој иако поминал преку него не му нанел повреди кои ќе го загрозат неговиот живот.
Непознати се сеуште причините зошто 46 годишен велешанец  утринава  во 5.40 минути  лежел на железничката пруга  Битола - Скопје во непосредна близина на улицата Кумановска. Среќа во несреќа е  што машиновозачот  на популарниот Шпанец навреме забележал дека на шините лежи човек па  врз него возот поминал со намалена брзина. Настанот е пријавен во полиција, направен е увид, а лицето Никола Н, бил пренесен во градската болница.
Повредите не го загрозуваат животот на 46 годишниот велешанец  велат од болницата 
Несреќата ги вознемири велешани, велат честа е сликата луѓе да се движат по пругата.
 АНКЕТА:
Пред шест месеци на само стотина метри од местото на која се счучи денешната  железничката несреќа воз усмрти 28 годишен велешанец. Дека железничките несреќи се честа појава во Велес докаж е и бизарниот случај од пред седум дена која на гевгелиската пруга настрада 22годишен кочанчанец.
Истаргата  која е во тек  ќе го даде одговорот зошто велешанецот  кој живеел  во непосредна близина на местото на несреќаат  лежел  утринава на пругата.