Рамото ја оддалечува Лакрабер од тренажниот процес

28.08.2016 18:10

Франциската ракометарка којашто е едно од засилувањата за ЖРК Вардар во наредната сезона, нема да и се приклучи на екипата во оваа фаза од подготовките за новата сезона во Лигата на шампионите...

Александра Лакрабер ќе паузира четири недели поради повредата на рамото добиена во финалето на Олимписките игри во Рио.

Франциската ракометарка којашто е едно од засилувањата за ЖРК Вардар во наредната сезона, нема да и се приклучи на екипата во оваа фаза од подготовките за новата сезона во Лигата на шампионите.

Иако ваквите отсуства се непосакувани, сепак, доколку освојувачката на сребрен олимписки медал се врати во тренажен процес според предвидувањата, тогаш ќе има нешто повеќе од две седмици за да се подготви за почетокот на сезоната во елитната конкуренција.

Првиот натпревар од групната фаза Вардарки ќе го одиграат против Ференцварош во Скопје на 14-ти октомври.