Жоао Марио во Интер

28.08.2016 18:13

Во сино-црн дрес ќе игра Жоао Марио, португалскиот репрезентативец којшто беше значајна алка во играта на европскиот првак на континенталниот самит во Франција...

Од ерата на Мурињо и на Пандев, Интер никако не може да тргне по вистионскиот пат којшто му одговара на богатото клупско реноме. Затоа во последните денови од преодниот рок, миланскиот клуб реши да направи значаен трансфер.

Во сино-црн дрес ќе игра Жоао Марио, португалскиот репрезентативец којшто беше значајна алка во играта на европскиот првак на континенталниот самит во Франција.

23-годишниот Жоао Марио досега настапуваше за Спортинг, а за неговиот премин Интер плати 45 милиони евра што е втор најскап трансфер во клупската историја. Рекордот е на Кристијан Виери кој во 1999-тата мина од Лацио во Интер.