Бизнис билтен

31.10.2013 15:08

Белград – Првата официјална понуда за изградба на супермаркетот Лидл во Белград стигна од општина Раковице. Изведбата ќе почне до крајот на 2014 година, како што пишува весникот Вечерње новости, а во општина Раковице е потврдено дека германскиот дисконтен ланец Лидл ќе изгради супермаркет на територијата на општината. Меѓутоа, претставниците на компанијата Лидл не сакаа да коментираат, ниту да ја објават точната локација. – Единствената локација во Белград која ја избра Лидл е на наша територија.
Белград – Првата официјална понуда за изградба на супермаркетот Лидл во Белград стигна од општина Раковице. Изведбата ќе почне до крајот на 2014 година, како што пишува весникот Вечерње новости, а во општина Раковице е потврдено дека германскиот дисконтен ланец Лидл ќе изгради супермаркет на територијата на општината. Меѓутоа, претставниците на компанијата Лидл не сакаа да коментираат, ниту да ја објават точната локација. – Единствената локација во Белград која ја избра Лидл е на наша територија. Покрај Раковице, Лидл обезбеди уште 15 локации и е во фаза на експанзија на српскиот пазар, велат од Одделот за информации на Општина Раковице. 
 
Белград – Најголемото стопанство во Европа го фасцинира светот. Германија се развива, наспроти економската криза. Германската економија е средена по принцип на социјална пазарна економија. Тоа значи дека од една страна се темели на пазарна конкуренција, а од друга страна државата се уште има доволно простор за интервенција. 
 
На германското стопанство во последните 50 години главно му оди добро. Последните години, додека остатокот од Европа беше потресен од финансиската и економска криза, германското стопанство беше стабилно. Многумина успехот на Германија го објаснуваат со комбинација на социјалните и пазарни компоненти. 
 
Виена – Во регионот на централна и источна Европа најмногу штедат Австријците и Словаците. Над две третини луѓе во ЦЕИ сметаат дека штедењето е важно, а шампиони во штедење се Австријците и Словаците кои одвојуваат 181, т.е. 90 евра месечно, наведено е во соопштението на Ерсте групата која работеше на истражувањето. Во однос на минатата година, има повеќе граѓани кои веруваат дека во иднина ќе штедат повеќе или приближно исто, што очекуваат две третини од испитаниците. Речиси секој втор клиент на чешките банки користат онлајн банкарство барем еднаш неделно (44 отсто), а по нив следат Словаците и Австријците (32 отсто). 
 
Москва – Гаспром ја предупреди Украина на долгот за гас од една милијарда долари. Предупредувањето на рускиот производител на гас стигна во момент кога Киев се обидува да постигне партнерски договор со ЕУ. Првиот човек на руската државна фирма за гас Алексеј Милер вели дека Гаспром веќе го продолжи рокот за исплата на долгот на украинската државна компанија за гас од 882 милиони долари до 1 октомври. – Меѓутоа, речиси е крај на октомври а долгот се уште не е платен – рече Милер додавајќи дека тоа многу го загрижува Гаспром. 
 
Њујорк – Епл го забележа првиот пад на годишниот нето профит за 11 години, наспроти резултатите кои во последниот квартал на фискалната година беа подобри од очекуваните. Компанијата имаше пад на нето профитот од 11 отсто, на 37 милијарди долари за цела фискална година, која заврши кон крајот на септември. Во трите последни месеци на фискалната година Епл забележа пад на нето профитот од 8,6 отсто, на 7,5 милијарди долари, што е трет постоја квартален пад на добивката. Тромесечната добивка по вредноста на акциите сепак ги надмина очекувањата на аналитичарите за 33 центи и изнесуваше 8,26 долари. За цела година вредноста на акциите на компанијата Епл е поголема за 34 центи од очекувањата и порасна за 39,75 долари. 
 
Белград - Пријавените побарувања од Комбинатот Трепча изнесуваат над милијарда евра, објавија медиумите во Приштина, повикувајќи се на Косовската агенција за приватизација. За основаноста на тие побарувања, меѓу кои преовладуваат побарувања од фирми од Србија, допрва треба да се одлучува. 
 
Детроит - Гувернерот на американската сојузна држава Мичиген Рик Снајдер треба да сведочи на суд кој одлучува дали да прогласи банкрот на град Детроит. Снајдер, кој треба да сведочи, го вработи Кевин Ор кој во јули поднесе барање за заштита од доверители. Ор треба да го продолжи сведочењето кое почна во петокот. 
 
Загреб - Хрватскиот портал Index.hr има забелешка до владините претставници во Загреб што одат низ светот по потрага за странски инвеститори кои Србија вешто ги привлекувале. Во текстот под наслов Србите на Хрватска ќе ги голтнат финансиските проекти, популарниот загрепски хрватски портал го наведе како пример ГИТЕКС, еден од најголемите светски саеми за електроника, одржан минатата недела во Дубаи, каде земја партнер беше токму Србија. 
 
Лондон - На најуспешните фирми во средна и источна Европа расте прометот, но остро паѓаат профитите, покажа најновата листа на CEE топ 500 на компанијата Cofacem. Таа компанија секоја година составува листа врз основ на податоците за прометот, профитот, бројот на вработените, но и врз основ на вкупните услови во кои работат фирмите во тој регион. 
 
Токио - Јапонското финансиско регулаторно тело соопшти дека ќе истражи три водечки банки во земјата, поради можни трансакции во кои се вмешани припадници на мафијата. Јапонската Агенција за финансиски услуги ќе ги преконтролира сите договори со банката Мизухо, како и ривалскитие Мицубиши и Сумимото Мицуи, бидејќи наводно не ги блокирале заемите на припадниците на мафијашките групи, изјави портпаролот на агенцијата, не откривајќи дополнителни детали.