Можни причини за прекумерно потење

30.08.2016 11:04

Прекумерното потење, познато како хиперхидроза, не е ретка болест, а според некои статистички податоци, околу три отсто од популацијата страдаат од ова нарушување...

Потењето е сосема природна телесна функција и е еден од начините со кој нашето тело овозможува одржување на нормална телесна температура. Сепак, што кога потењето ќе стане претерано и ќе почне да се јавува во ситуации во кои не сме изложени на засилен физички напор и други активности во кои тоа е нормално?
 
Прекумерното потење, познато како хиперхидроза, не е ретка болест, а според некои статистички податоци, околу три отсто од популацијата страдаат од ова нарушување.
 
Причини за прекумерно потење може да има многу, а во продолжение прочитајте некои од најчестите.
 
Некој од вашето семејство има сличен проблем
 
Идиопатска или примарна хиперхидроза е нарушување на прекумерно потење кога не постои никакво друго заболување или состојба. Експертите не знаат која е причината, ниту се воочени некои други нарушувања кога се работи за големината или функцијата на потните жлезди.
 
Ова нарушување најчесто почнува да се јавува во пубертетот, а посебно се проблематични подрачјата под пазувите, препоните, стапалата, дланките, подрачјето над горната усна и на темето.
 
Потењето е само симптом на некое друго нарушување
 
Одредена состојба и физичко нарушување можат да бидат во врска со прекумерното потење, а во продолжение читајте кои се најчестите.
 
Синдром на постурална ортостатска тахикардија (POTS) погаѓа 1 отсто од популацијата и се одликува со забрзана работа на срцето (околу 30 отчукувања во минута повеќе од нормалното) при стоење. Може да биде проследено со чувство на несвестица, главоболки и вртоглавица.
 
Дијабетес
 
Експертите се уште не знаат на кој начин прекумерното потење е присутно кај дијабетесот, но може да се случи ако шеќерот во крвта е на ниско ниво.
 
Хипертиреоза
 
Ако штитната жлезда работи забрзано, тоа може да биде причина за претерано потење, а уште некои од симптомите можат да бидат губење на тежината, нервоза, забрзано чукање на срцето и проблеми со спиењето.
 
Дебелина
 
Повеќе контакти кожа на кожа значи повеќе потење.
 
Причина можат да бидат одредени лекови
 
Прекумерното потење може да биде последица од земање на одредени лекови како антидепресиви или лекови против анксиозност, потоа лекови за крвен притисок, антибиотици и хормонски терапии.