„Турандот“ вечерва во МОБ

31.01.2014 11:00

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена претставата „Турандот“ на Џакомо Пучини...

Познатата претстава „Турандот“ на маестралниот Џакомо Пучини вечерва ќе биде изведена во Македонската опера и балет (МОБ).
 
Во претставата ќе настапат првенката Весна Ѓиновска- Илкова, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија „Несун Дорма“, прв пат ќе настапи тенорот, Ѓорѓи Цуцковски, Лиу,  Сандра Митровска, Тимур, Игор Дурловски, Пинг, Нико Исаков (Бугарија), Панг, Дарко Нешовски, Понг, Дејан Стоев, Мандарин, Диме Петров, Алтоум, Марјан Николовски, Принцот од Персија, Мирослав Митрашиновиќ, Џелат, Јан Кисилев. Диригент е Саша Николовски-Ѓумар.
 
Претставата „Турандот“ е веќе 12 години редовно на репертоарот на МОБ.