Спортско- културна манифестација во чест на Тоше Проески

31.01.2014 12:38

По повод роденденот на незаборавната македонска поп-икона Тоше Проески...

По повод роденденот на незаборавната македонска поп-икона Тоше Проески, в недела  со почеток во 11.00 часот во спортскиот центар „Форца“ под покровителство на Општина Карпош, а во организација на Здружението на власи стопанственици од Македонија „Мандра“, по петти пат ќе се одржи традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал.

Во рамките на оваа манифестација, посетителите ќе имаат можност да ги слушнат звуците од влашкиот, албанскиот и ромскиот фолклор, во изведба на повеќе културни уметници.