Ликовна работилница за најмалдите од општина Аеродром

31.01.2014 13:26

Претстојниве два викенда резервирани за најмладите од општина Аеродром . Детска ликовна работилница во новоотворениот трговски центар Капитол Мол. Ќе учествуваат 250 ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Блаже Конески“ и „Лазо Ангеловски“. Тие на хартија ќе се обидат да ги пренесат импресиите од зимскиот распуст.
 
Првиот дел од работилницата е на 1 и 2 февруари, додека вториот е планиран за 8 и 9 истиов месец. Работилницата ќе се одржува по два часа дневно, од 12,00 до 14,00 часот. Ќе ја води академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски, а е во соработка со издавачката куќа  „Просветно дело“. 
 
Цртежите што ќе бидат изработени ќе бидат изложени во просториите на Капитол Мол. Секој заинтересиран посетител ќе може да откупи некое од изложените дела по доброволно  одредена  цена и средствата веднаш да ги донира на специјално поставените каси за донација на Првата детска амбасада „Меѓјаши“.
 
Моника Јовановска