“Вкусот на танцот” на Танц- фест

31.01.2014 14:29

Под мотото “Вкусот на танцот”, од 7 до 29 април...

Под мотото “Вкусот на танцот”, од 7 до 29 април ќе се одржи десетото јубилејно издание Танц-фест. Меѓу содржините на јубилејниот фестивал ќе бидат гостувања на Националниот балет од Марсеј, Ротердамската танцова академија и три премиери на кои ќе бидат промовирани млади кореографи. Министерката Канческа потенцираше дека преку програмата на фестивалот ќе имаме можност да проследиме иновативни кореографии на светски етаблирани автори. Министерството за култура со оваа институција потпиша тригодишен договор, кој покажа плодотворни резултати.