Прв пораз за Металург во СЕХА лигата

31.10.2013 15:35

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје во дуел од СЕХА лигата загуби од Татран Прешов со убедливи 32:23 
 
Гостите од Словачка уште еднаш покажаа дека се квалитетен состав и по победата над Вардар, вечерва славеа и против вториот македонски претставник во ова натпреварување. 
 
Металург добро го отвори дуелот, во првиот дел водеше со 5:3, потоа се влезе во период на постигнување голови на двете страни и неколку изедначувања на резултатот за на пауза да се отиде со 15:13 за Татран.
 
Водството на гостинските ракометари во 40.минута изнесуваше шест голови разлика (22:16), а во 42.минута имаа висока предност – 25:17. Во периодот од 50 до 53.минута Металург пропушти три шанси да се доближи на четири негатива и не успеа да фати резултатски приклучок со што неминовен беше првиот пораз во регионалното натпреварување.
 
Најефикасни кај „металурзи“ беа Павел Атман, Ренато Вугринец и Златко Мојсовски со по 4 голови.
 
Татран во победата беше предводен од Радослав Антил со 9 и Томаш Урбан со 6 погодоци.
 
Викендов играат Борац – Војводина (утре), Загреб – Вардар и Нексе – Ловќен (недела).
 
Табела: Татран 18 (8), Вардар 16 (7), Загреб 15 (6), Металург 11 (6), Нексе 10 (7), Војводина 9 (7), Мешков Брест 6 (4), Ловќен 3 (6), Партизан 3 (7) и Борац 3 (6).