Продажбата на смартфони стагнира

13.09.2016 12:02

Светската продажба на смартфоните сега едвај и да бележи раст. Причината е едноставна - луѓето се задоволни од досегашните перформанси. Сепак, апсолутните бројки во побогатите земји се уште се забележителни.

Случувањата во „Епл“ честопати се едначат со религија. Фанатиците со полно внимание го следат „човекот во црно“ - прво Стив Џобс, а сега новиот сопственик Тим Кук, очекувајќи го секој блескав „Ај-новитет“.

Новиот смартфон на компанијата – „Ај-фон 7“, со подобра камера, побрз чип и пософистициран дисплеј, но нема некакви посебни новости. Главната иновација е, тоа што веќе нема обичен џек за слушалките, коишто сега ќе треба да се приклучуваат преку портот за полнење или да функционираат безжично.

Светската продажба на смартфоните сега едвај и да бележи раст. Причината е едноставна - луѓето се задоволни од досегашните перформанси. Сепак, апсолутните бројки во побогатите земји се уште се забележителни. Околу 1,46 милијарди уреди ќе бидат пуштени во продажба годинава, а тој број може да достигне и 1,76 милијарди до 2020, коментираат експертите.

Меѓу нив, телефоните се уште се најбарани, но расте и побарувачката на „паметни“ уреди, како што се часовниците и фитнес направите. Тие пак, би требало да достигнат вкупно 14 милијарди долари за 2016, посочува консултантската компанија „Си-Си-Ес Инсајт“.

Уредите  „Еко“ и „Амазон“ со коишто овој гигант им овозможува на корисниците да нарачуваат и пуштаат музика, и тоа само преку гласовни команди, исто така се доста популарни.

Ако смартфоните останат најбараниот производ кај потрошувачите, како би се развил пазарот?

Хардверските иновации ќе одат побавно. Новите телефони ќе имаат подобри екрани, побрзи процесори и други новитети. Но друга област, која ветува брз напредок, е вештачкиот интелект, рече Бен Вуд од „Си-Си-Ес“.

Вуд очекува компаниите да инвестираат повеќе во усовршувањето на помошните уреди, како што се СИРИ на „Епл“ или пак, „Гугл нау“, така што телефоните би станале „попаметни“.

Франциско Џеронимо од „Ај-Ди-Си“ смета дека оние компании кои ќе ја одржат контролата врз пазарот, покрај „Епл“, ќе бидат и кинеската „Хуавеј“ и јужнокореки „Самсунг“, додека пак, повеќето други брендови или ќе исчезнат или ќе стагнираат.