НАСА развива авион што ќе троши двојно помалку гориво

21.09.2016 13:41

Патничкиот авион е со најсовремен технолошки дизајн и се развива во соработка со компанијата Аурора флајт сајансис и МИТ.

НАСА развива патнички авион Д8 „двоен меур“ кој во спосредба со денешните авиони од тој тип ќе троши двојно помалку гориво.

Патничкиот авион е со најсовремен технолошки дизајн и се развива во соработка со компанијата Аурора флајт сајансис и МИТ.

За проектот НАСА издвоила 2,9 милиони долари со кои ќе се изработи прототип во природна величина за тестирање со надеж дека до 2027 година ќе влезе во употреба тој тип на авиони.

Со максимална брзина од 936 км/час и напреден аеронаутички дизајн ќе се овозможи намалена потрошувачка на гориво за околу 50 отсто во споредба со денешните патнички авиони.

Мајкл Роџерс од НАСА вели дека најголем дел од ефикасноста во потрошувачката на гориво ќе биде резултат на најсовремениот дизајн на крилата.