Битолскиот театар ја отвора новата сезона

01.02.2014 11:50

Со премиерата „За домот се работи“, праизведба на текстот на Горан Милошевски, а во режија на Мартин Кочовски...

Со премиерата „За домот се работи“,  праизведба на текстот на Горан Милошевски, а во режија на Мартин Кочовски, вечерва Битолскиот Народен Театар ја отвара овогодинешната театарска сезона.

Во претставата се преплетени шест приказни кои почиваат на култни историски настани и личности од почетокот на човештвото, па се до денеска. Преку линијата да се зачува сопствениот дом како физички и духовен простор се отварат темите за ропството, слободата и моќта на идејата, а се напагаат застарените историско политички догми.                                                      

„Една вечна тема која досега не е третирана со вакви размери. Оваа табу тема која е разработена очекувам да биде основа за публиката да покаже интерес“, вели режисерот Мартин Кочовски.

 На сцената настапуваат девет актери. Нема главни ликови. Велат дека со претставата одговарат на многу прашања, дел од нив оставаат одговорот да си го даде самата публика.

„Мислам дека претставата ми е блиска по сензибилитет, по одредена самоиницијативност и одредени размислувања“, вели актерката Илина Чоревска.

„Навистина беше предизвик да се рботи претставата која третира настани од еден период па се до денеска“. вели актерот Иван Јерчиќ.

За првата овогодинешна премиера сцената ја подготви Валентин Светозарев, костимите се избор на Благој Мицевски, а за светлосните и музичките ефекти се задолзжени Димче Спасевски и Александар Димоски.

Стевче Митревски