Истражување: Дезодоранси кои содржат алуминиумски соли носат ризик за заболување од рак на дојка

29.09.2016 10:58

Првите тестови на млечните клетки, изолирани од нормални човечки жлезди, подоцна се повторени во истражување кај глувци, а резултатите биле исти. Научното истражување покажало дека долгорочната изложеност на концентрација на алуминиум предизвикува формирање на тумор на клетките и метастази.

Најновото истражување спроведено во Швајцарија покажа дека жените кои редовно користат дезодорански кои содржат алуминиумски соли ризикуваат да заболат од рак на дојка, пренесе Анадолија.

Првите тестови на млечните клетки, изолирани од нормални човечки жлезди, подоцна се повторени во истражување кај глувци, а резултатите биле исти. Научното истражување покажало дека долгорочната изложеност на концентрација на алуминиум предизвикува формирање на тумор на клетките и метастази. Научниците од Универзитетот во Женева соопштија дека алуминиумските соли ги блокираат потните жлезди, се собираат во ткивото на дојката и произведуваат ефекти слични на тие кои ги произведува естрогенот.

„Мислам дека треба да се избегнуваат сите дезодоранси кои содржат алуминиумски соли. Тешко е да се биде сигурен дека дезодорансите на кои пишува дека немаат алуминиум навистина не содржат алуминиум” – рече коавторот на студијата Андре-Паскал Сапино за „The Local”. Тој додаде дека се уште алуминиумот се третира како „сомнителен но не и осуден”. Иако студијата не успеа целосно да докаже дека алуминиумските соли предизвикуваат рак на дојка, Сапино советува користење на дезодоранси без нив. Истиот совет го упати на жените но и на мажите, потенцирајќи дека е свесен дека против резултатот на студијата ќе се погрижи козметичката индустрија. Научното истражување за влијанието на употребата на дезодоранси на човечкото здравје е објавено во научниот магазин „International Journal of Cancer”.