Најглупав криминалец во историјата :Ја „лајкувал“ својата потерница на Фејсбук

21.08.2013 15:09

Американцеот Луис Родригез (18) бил толку горд што потерницата по него завршила меѓу фотографиите на бараните лица, што таа фотографија ја лајкувал и ја споделил со пријателите на Фејсбук

Американцеот Луис Родригез (18) бил толку горд што потерницата по него завршила меѓу фотографиите на бараните лица, што таа фотографија ја лајкувал и ја споделил со пријателите на Фејсбук.
 
Голем број досегашни случувања покажаа како голем број криминалци не знаат да се служат со Фејсбук, па со својата активносот на оваа социјална мрежа и помагаат на полицијата што побрзо да ги најде.
 
Најновиот „гениј“ кој е уапсен благодарејќи на својата активност на Фејсбук е Американцеот Луис Родригез (18) кого полицијата го барала заради вандализам, затоа што го шарал по полициски автомобил. Полицијата од Хантингтон Бич на својата фејсбук страница ја објавила фотографијата на учесникот во неодамнешните нереди, а на една фотографија се наоѓал и Родригез.
 
Тој бил толку горд  што завршил меѓу фотографиите на бараните лица што таа фотографија ја лајкувал и ја споделил со пријателите на Фејсбук. Од полициската станица рекоа дека другите корисници на оваа социјална мрежа забележале дека бараниот Родригез ја лајкувал фотогарфијата на која се наоѓа, па веднаш ја предупредиле полицијата.
 
Како ни тоа да не било доволно, па Родригез на својот прифил ја објави фотографија на која седи на полициски автомобил облечен во иста маица и на која носи иста капа како и на фотографијата која ја објавила полицијата. Не само што Родригез не ја избришал оваа фотографија, туку за неа не подесил приватност како што треба, па ја виделе сите корисници на Фејсбук. Со самото тоа полицијата немала тешка работа па брзо го фатиле, откако корисниците на Фејсбук го пријавиле, го пронашле и го привеле Родригез.
 
Многу корисници на Фејсбук не можеа да веруваат кога виделе дека ова момче ја лајкувало својата фотографија на полициската страница, па врз основа на тоа го прогласиле за еден од „најглупавите криминалци во историјата“.