За уште 5 деца постои сомневање дека се затруени во градинката Детска радост во Автокоманда

Четири деца затруени со храна во градинка во Автокоманда

31.10.2013 21:46

. Инспекторатот ги анализира  мострите. Главната кујна е затворена. Се бара нова фирма за набавка на храна.
 
Инспекторите проверуваат - дали изворот на салмонелата од која се затруја три деца е во градинката или на друго место.. Се анализираат мострите кои се земени во објектот и од вработените.  
 
. Инспекторатот ги анализира  мострите. Главната кујна е затворена. Се бара нова фирма за набавка на храна.
 
Инспекторите проверуваат - дали изворот на салмонелата од која се затруја три деца е во градинката или на друго место.. Се анализираат мострите кои се земени во објектот и од вработените.  
 
-Инспекторите од државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера беа во инспекција во градинската „Детска радост“ каде што е сместена главната кујна, откако добиле пријава за неколкуте дечиња со симптоми за труење со храна. Градинската во која што е сместена главната кујна со грана обезбедува уште неколку градинки. 
 
Затруените деца се во добра здравствена состојба.. Кај уште пет други постои сомневање дека ја имаат истата бактерија..
 
Вера Менкова – Државен санитарен и здравствен инспекторат
-Инспекторатот согласно стандардните процедури ја затвори централната кујна времено се додека не се превземат потребните противепидемиски и санитарно хигиенски мерки   
 
Градинката денеска работеше.. Вработените ги информирале родителите за состојбата.. 
 
Светлана Јанкова – директор на градинка „Детска радост“
-Овие два дена се организиравме со малце посува храна меѓутоа ќе се потрудиме веќе имаме преговори, значи од понеделник мораме да најдеме фирма овластена со лиценца која што има овластување да подготвува храна за деца барем ручекот, топлиот оброк да го обезбедиме од таа фирма, а дориучекот и ужинките можеме да ги подготвуваме затоа што имаме друга чајна кујна каде што ужинките и досега се подготвуваа. 
 
Салмонелата е бактерија која ги напаѓа желудникот и цревата. Симптомите се температура, дијареа и повраќање.. Ако навреме не се лекува, може да предизвика сериозни последици на здравјето.. Се јавува исклучиво поради нехигиена.