„Гугл“ лансира свој модел на смартфон

05.10.2016 12:44

Со овој свој новитет, интернет гигантот, меѓу другото, има за цел и да претстави подобра алтернатива за „Сири“ на Ајфон. Уредот содржи апликација којашто се нарекува „Гугл Асистент“, работи исклучително лесно и со неа може да се дојде до речиси секој податок што моментно ни е потребен, пренесува британски „Гардијан".

Компанијата „Гугл“ во Сан Франциско го претстави својот модел на смартфон наречен „Пиксел".

Со овој свој новитет, интернет гигантот, меѓу другото, има за цел и да претстави подобра алтернатива за „Сири“ на Ајфон. Уредот содржи апликација којашто се нарекува „Гугл Асистент“, работи исклучително лесно и со неа може да се дојде до речиси секој податок што моментно ни е потребен, пренесува британски „Гардијан".

Освен тоа, „Гугл“ тврди дека камерата на „Пиксел" ќе биде најдобрата досега. Новиот телефон е практичен и поради тоа што времето потребно за полнење на батеријата, ќе трае само - 15 минути.

Смартфонот веќе е во продажба во САД, Австралија, Германија, Канада и Велика Британија.