Сирија го исполни ветувањето

31.10.2013 22:08

Хемиското оружје уништено ден пред крајниот рок, изјави меѓународната набљудувачка група.
 
Ден пред крајниот рок сириската oпрема за производство, мешање и пополнување хемиско оружје е целосно уништена, изјави меѓународната набљудувачка група.  Организацијата за забрана на хемиското оружје соопшти дека тимовите инспектори извршиле увид во 21 од 23-те комплекси во сирија во кои се произведува оружјето.. Другите два се исклучително опасни за да можат да се проверат, но хемиската опрема е веќе преместена на други места каде што веќе биле инспекторите.. 

,, Тимовите беа сведоци на уништувањето на опрермата.. Но ова е само една фаза. Наредната фаза се однесува на планот на уништување и елиминирање на сите залихи и активности.. За две недели нашиот извршен совет же мора да го одобри планот со што би се осигурало дека целата акција е успешно спроведена, изјави Мајкл Лухан од меѓународна набљудувачка група    
 
Арсеналот на хемиско оружје се верува дека вклучува повеќе од 1.000 тони нервен гас сарин и други забранети хемикалии, складирани во десетици места.
 
Поради крадци евакуирани над 4 илјади лица во Мексико
 
Истекувањето бензин од оштетениот нафтовод ги стави властите на готовс
Над 4.500 лица се евакуирани од населба во западниот дел од Мексико поради истекување на големи количини бензин од нафтовод што го оштетиле крадци .
 
,,Успеавме да ја ставиме ситуацијата под контрола.. Истекувањето е спречено.. Сега е потребна само санација.. Жителите се евакуирани поради превенција,, изјави министерот за внатрешнио работи Артуро Самора.
 
Мексиканската државна компанија Пемекс трпи големи материјални штети поради илегалното истекување гориво. Само во првите шест месеци годинава откриени се 1.421 „илегални славини“ кои ги направиле криминалци за да крадат гориво. 
 
Грчките власти потврдија дека 10 полицајци директно учествувале во активностите на неонацистичката партија Златна Зора.
 
Истрагата на грчката полициска внатрешна контрола ги потврди сомневањата дека 10 полицајци биле директно поврзани со криминалните активности на неонацистичката партија Златна Зора.. Информацијата ја потврди началникот на внатрешната контрола Панајотис Статис..  Истрагата за прикривање или толеранција на илегалните активности на неонацистичката партија беше наложена на крајот на септември од министерот за јавен ред Никос Дендиас.