140 години Железница во Македонија

Изложба во Музејот на Град Скопје

01.11.2013 10:36

140 години од постоењето на железницата во Македонија

1873  е годината кога во Македонија коњоте и колските коли речиси отишле во историјата . Педесет и две години од почетокот на железничкиот сообраќај во Англија и ние  сме ја добиле својата прва железничка линија .Во Музејот на Град Скопје низ изложбените експонати може да се проследи развојот на железничкиот сообраќај во Македонија. И музејскиот простор во кој е сместена изложбата во чест на 140 годишнината на железницата во Македонија,некогаш бил железничка станица .Изградена била во 1940 и функционирала до скопскиот земјотрес во 1963 година.Експонатите кои што се изложени ,низ годините биле спасувани од магацините на Македонски железници,токму пореди една ваква приказна.Авторка на изложбата е Зоја Богдановска ,помогната од м-р  Ванчо Милошевски од  ЈП Македонски железници инфраструктура .
 
Елизабета Мемиќ