Мигрената ја предизвикуваат бактерии

21.10.2016 12:12

Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија објаснуваат дека се работи за бактерии чие делување го редуцира присуството на нитратите.

Нови сознанија на американските научници сугерираат дека во устата и во системот за варење на лицата кои страда од мигрена, е забележливо нагласено присуство на некои видови бактерии.

Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија објаснуваат дека се работи за бактерии чие делување го редуцира присуството на нитратите.

Новите наоди се добиени со анализа на 170 примероци на плунка и 2.000 примероци на фекални материи.

Некои претходни студии веќе укажуваа на поврзаноста на внесот на храната со високиот удел на нитратите и поголема зачестеност на мигрена.