Американците вчера вечер масовно го одбележаа празникот Халоуин

Ноќта на вештерките во САД

01.11.2013 11:12

Американците вчера вечер масовно го одбележаа празникот Халоуин, или Ноќта на вештерките, или празникот на Сите светители

САД и светот го прославија Хелоувин, или Денот на вештерките, кој традиционално се одбележува секоја година. Маскирани во вештерки и  духови, облечени во страшни костуми и ликови од научно фантастичните филмови, луѓето ширум светот се забавуваа и уживаа. Составен дел од оваа манифестација се тиквите кои се  украсуваат и декорираат во најразлични облици и бои. Портокаловата боја на тиквата е всушност карактеристичната боја за овој празник. Има различни начини на прослава.
Ние сме љубители на хорор филмовите, минатата година на овој празник ја побарав мојата девојка за  жена. Една година подоцна на овој ден ние правиме свадба. 
Некогаш е многу потешко да ги исплашиш луѓето отколку да ги насмееш. 
Децата најмногу се радуваат на овој ден. Според традицијата тие одат од куќа во куќа и од домаќините добиваат слатки, а ноќта ја минуваат гледајќи страшни филмови. 
Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел традиционално на овој ден организираат забава.  Белата куќа е украсена, во портокалова боја, во духот на традицијата. Стотици деца од Вашингтон и околината од Обама и Мишел добија слатки. Според проценките  американците годинава потрошија неверојатни 7,6 милијарди долари за забава и слатките кои им ги даруваат на децата.  
Марија Петковска