Блекбери планира да престане да произведува паметни телефони

25.10.2016 12:10

Блекбери има намера на партнерите да го лиценцира производството на телефони под нејзин бренд, додека самата компанија ќе се фокусира на работа со софтвери.

Канадската компанија Блекбери (BlackBerry), позната по иновативните технологии за мобилни телефони, планира да го прекине производството на паметни телефони.

Блекбери има намера на партнерите да го лиценцира производството на телефони под нејзин бренд, додека самата компанија ќе се фокусира на работа со софтвери.

„Веруваме дека тоа е најдобар начин за профит во работа со уреди” – наведе во соопштение директорот на Блекбери, Џон Чен.

Тој рече дека трошоците на Блекбери ќе се намалат со отстранување на трошоците за инвентар и намалување на бројот на вработените.

Блекбери се прослави во 1999 година со телефонот „RIM 950” кој овозможи пристап до е-меил. Уредите на таа компанија беа многу популарни идната деценија се додека Епл со својот АјФон не покажа дека телефоните можат да се користат за многу повеќе од меилови и повици.

Блекбери сега држи мал дел од пазарот на паметни телефони во САД. Во вториот квартал биле продадени околу 400.000 смартфони, додека Епл продаде 40 милиони.

Блекбери за сега постигнал договор во Индонезија, каде BB Merah Putih ќе произведува и продава телефони со брендот на таа компанија опремени со побезбедна верзија на Андроид.