Литвански резидент фатен со големо количество дрога

Откриено поголемо количество дрога

01.11.2013 11:22

Царинските службеници од царинска испостава Табановце пронајдоа поголемо количество на дрога

Во рацете на македонската царина паднаа 16 килограми марихуана наменети за европскиот пазар. Литванец, со британска возачка дозвола , се обидел да ја пренесе дрогата од Албанија  во  германски мерцесес. Успеал да помина на Ќафасан, но бил фатен на граничниот премин Табановце. Неговата збунетос им дал сомнеж на цариниците .

Тонско: Ванчо Каргов- директор на царинската управа на РМ

Литванецот колата ја набавил во Германија , а дрогата му била сокриена  во Албанија.За пратката му помогнал германски пријател , кој го обезбедил со автомобилот и марихуаната  во него. Доколку овие 16 килограми завршеа на нарко пазарот нарачателот ќе заработеше 64 илјади евра. Литванецот заработи кривична пријава .