Земјотрес од 6,6 по Рихтер го погоди Чиле

01.11.2013 11:45

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле. 
 
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а надлежните служби не издадоа предупредување за цунами. 
 
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Сантјаго. 
 
Пацифичкиот центар за следење цунами на Хаваи засега не издаде предупредување за цунами. Епипцентарот бил на 68 км. југозападно од градот Кокимбо. Во земјотрес во 2010 година во Чиле загинаа повеќе од 200 луѓе.