Трамп на прагот на Белата куќа

09.11.2016 08:15

Според последните податоци, Трамп има 266 од неопходните 270 изборни гласови, додека Клинтон има 218...

Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп победи во Пенсилванија и освои дополнителни 20 изборни гласови, јавуваат водечките американски медиуми.

Со тоа Трамп е на прагот на Белата куќа и инаугурацијата за нов претседател на САД.

Трамп сега има 266 од неопходните 270 изборни гласови, додека Клинтон има 218.

Републиканецот ги освои трите клучни т.н. „свинг“ држави - Охајо, Северна Каролина и Флорида.

Со оглед на тоа што во Висконсин има недостижна предност, која носи 10 изборни гласови, може да се заклучи дека Доналд Трамп станува 45. претседател на Соединетите Американски Држави.